Софија: Убиен еден од најбогатите бугарски бизнисмени

Во центарот на Софија денеска, како што јавуваат агенциите, бил убиен сопственикот на најголемата осигурителна компанија и еден од најбогатите бугарски бизнисмени Емил Кјулев. Се прецизира дека непознати напаѓачи пукале врз неговиот џип и оти во нападот бил ранет возачот. До ова убиство дојде само еден ден откако Европската Унија ја критикуваше Бугарија за организираниот криминал и корупцијата во земјата.