Бројот на загинатите американски војници во Ирак достигна две илјади, соопшти Пентагон. Претходно претседателот Џорџ Буш изјави дека ќе бидат неопходни дополнителни жртви пред да се размилсува за вражањето на американските војници дома. Засега се уште нема прецизни податоци колку ирачки цивили загинале од почетокот на војната во таа земја. Се претпоставува дека нивниот број изнесува над дваесет и шест илјади.