Кина ги информира меѓународните институции за појава на птичји грип во централната провинција Хунан, соопшти денеска Светската организација за здравјето на животните. По откривањето на вирусот Ха еден еН еден, кинеските власти, како што се наведува, ги преземле сите мерки за спречување на ширењето на заразата. Станува збор за трето жариште на птичјиот грип што во последнава недела се откриени во Кина.