Еден член на радикалната Исламска група која е поврзана со Сирија, бил уапсен вчера во Либан. Лицето идентификувано како Махмуд Абдел Ал, е првиот уапсен во рамки на специјалната истрага за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Во извештајот на Обединетите Нации се наведува дека сиријски и либански претставници се вмешани во убиството на Харири. Сирија ги отфрли обвинувањата во извештајот.