Стокхолм: Во Шведска откриен прв случај на птичји грип

Шведска информираше за прв случај на птичји грип во земјата. Според официјални претставници, птичјиот грип бил регистриран кај една мртва патка пронајдена западно од Стокхолм. Како што е соопштено ќе бидат потребни неколку денови за да се утврди дали станува збор за смртносниот вирус Н5Н1. Прв случај на птичји грип во петокот беше утврден и во Хрватска како и во Британија.