Нигеријски авион со 114 патници се урнал по полетувањето од аеродромот во Лагос, јави државното радио во Нигерија. Меѓу патниците се наоѓале и неколку високи претставници. Авионот летал кон главниот град Абуја и како што се соопштува неколку минути по полетувањето испратил повик за помош. Започнато е пребарување по авионот и евентуални преживеани, со помош на хеликоптери.