Приштина: Поздравен, но не и прифатен предлогот на Дрновшек

Косовската влада го поздравува предлогот на словенечкиот претседател Јанез Дрновшек за решавање на статусот на Косово, но тоа е помалку од она што го бараме, соопштено е денеска во Приштина. Кабинетот на премиерот Бајрам Косуми оценува дека предлогот на Дрновшек нуди условна, а не и целосна независност. Претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ вчера поради ваквиот предлог му ја откажа посетата на Јанез Дрновшек на Белград предвидена за втори идниот месец.