Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска пристигна во неговата прва посета на Кина откако ја презеде оваа функција пред скоро пет години. Тој утре треба да се состане со кинескиот претседател Ху Џинтао и со министерот за одбрана Чао Кангчуан. До овие средби доаѓа по растечката американска загриженост дека Кина се повеќе се вооружува. Рамсфелд изрази сомневање дека Пекинг не ја соопштува вистинската сума пари што ја троши за воени цели. Според него, годинава кинескиот воениот буџет е деведесет милијарди долари, што е за три пати повеќе од она што го објави Пекинг.