Багдад: 70 милитантни убиени во западен Ирак

Американски воени претставници соопштија дека во вчершната акција во западен Ирак убиле околу седумдесет милитанти. Акцијата била изведена со воени авиони и хеликоптери во две села крај градот Рамади кој се смета за центар на сунитските бунтовници. Меѓу загинатите, според сведоци, имало и цивили. До нападите дошло откако во саботата во близина на Рамади беа убиени петмина американски војници.