Киев: Посета на делегација на НАТО

Делегација на НАТО престојува во Украина на разговори за можностите на земјата да стане членка на Алијансата. За време на четири дневата посета делегацијата ќе разговара и со украинскиот претседател Виктор Јушченко, а ќе ја посети и Црноморската флота во Севастопољ. Во минатата недела генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер изјави дека Алијансата силно ги поддржува амбициите на Украина да стане членка на НАТО.