Анкара: Птичји грип во Турција?

Дел од агенциите, пренесувајќи ги турските медиуми јавуваат дека околу илјада кокошки угинале во западниот дел на Турција, во близина на границата со Иран, каде минатата недела беше откриен вирус на птичји грип. Причината за угинувањето на птиците сеуште не познат и се вршат тестирања. Инаку вчера во Романија беше потврдено присуство на смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1, а истиот тип на вирус минатата недела е регистриран и во Турција.