Шест пакистански војници починале кога хеликоптерот во кој се наоѓале се урнал во пакистанскиот регион на Кашмир, поради лошото време. Хеликоптерот доставувал помош за погодените од земјотресот во Пакистан.
Инаку поради лошото време и силните дождови операциите за помош на погодените се одвиваат отежнато. Во земјотресот во Пакистан загинаа 38 илјади лица, 62 илјади се повредени, додека на 300 илјади погодени им е потребна помош.