Комисијата на американскиот конгрес за Кина оцени дека во таа земја во минатата година немало подобрување во почитувањето на човековите права. Се прецизира дека комунистичките власти и натаму цврсто ги контролираат политичките, верските активности, како и медиумите.