Околу 40 илјади луѓе загинале во земјотресот што во саботата ја погоди Јужна Азија, од кои најголемиот дел во Пакистан, јавуваат агенциите. Пакистанскиот претседател Первез Мушараф упати апел за помош до меѓународната заедница. Спасувачки екипи од повеќе земји веќе се во настраданите подрачја, а најтешко погодени, покрај Пакистан, се и Кашмир и делови од Авганистан.