Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори, на кои околу 30 милиони регистрирани гласачи избираат наследник на досегашниот претседател Александар Квашњевски. На изборите учествуваат 12 кандидати, а според анкетите најголема шанса за победа имаат лидерот на либералната Граѓанска платформа Доналд Траск и претседателот на конзервативната партија Право и Правда, Лех Качињски. Двете партии победија и на неодамнешните парламентарни избори во Полска.