Македонскиот претседател Бранко Црвенковски соопшти дека вчера во Њујорк посредникот околу разликите за името Метју Нимиц, на претставниците на Грција и Македонија им врачил нов предлог за надминување на спорот. Црвенковски додаде дека во моментов не може да ја соопшти содржината на предлогот, поради обврските преземни од двете страни според кои треба да се води овој процес. Македонскиот претседател попладнево имал средба со премиерот Владо Бучковски и министерот за надворешни работи Илинка Митрева, за утре е закажана седница на Владата, а в понеделник претседателот Црвенковски на ова прашање ќе има средби и со лидерите на политичките партии во Македонија.