Иран категорично ги отфрли британските обвинувања дека стои зад бранот напади против британските сили во јужниот дел на Ирак. Во соопштението на официјален Техеран се наведува дека за бранот насилства не е виновен Иран, туку британските војници. Лондон ја обвини Иранската револуционерна гарда дека шверцува оружје во Ирак.