Американскиот Сенат не ја одобри исплатата на дваесет и пет милиони долари за користењето на воздушната база во Узбекистан. Властите во Ташкент побараа напуштање на американските војници од базата поради критиките на официјален Вашингтон за крвопролевањето во Андиџан во мај годинава.