Индонезиските безбедносни сили се ставени во состојба на зголемена готовност во главниот град Џакарта поради страхувањата од нови напади по оние што се случија на островот Бали, а во кој загинаа дваесет и шест луѓе, додека над стотина беа повредени. Досега никој не ја презде одговорорноста за експлозиите во Бали. Пред три години Џама Исмаилија, огранок на Ал Каида, изведе бомбашки напади на Бали, при што загинаа над двесте луѓе, повеќето странски туристи.