Узбекистан: САД ги отфрли обвиненијата за вмешаност во насилствата во Андиџан

Соединетите Држави ги отфрлија наводите на еден од обвинетите за насилствата во узбекистанскиот град Андиџан дека американската амбасада во Ташкент помогнала во анти владините протести. Стејт Депертментот соопшти дека нема основа за вакви обвинувања и уште еднаш побара независна истрага за крвопролевањето во Андиџан во мај годинава.