Нови учебници со многу историја или политика?

И по последните промени во училиштата во нашата земја учениците главно остануваат сиромашни со знаења за поглавја и личности од македонската историја, а уште помалку со сфаќање на суштината на историските процеси во еден поширок контекст. Професорот доктор Митко Панов од Институтот за национална историја смета дека најновите наставни програми не обезбедија подобар квалитет во споредба со претходните:

„Шесто одделение на пример единствена промена е што механички се зададени одредени наставни единици од албанската историја, при што се намалени важни наставни единици кои се однесуваат на средновековната историја на Македонија. Другиот значаен недостаток на сите наставни програми е неуспехот да се прикаже историјата на Македонија и Балакнот од аспект на пошироките европски процеси.“

Далибор Јовановски кој е автор на еден од учебниците по историја вели дека можеби некои делови од историјата не се обемно прикажани, но не и дека не застапени.

„Има континуитет во историјата на македонскиот народ од антиката до најновиот период. Се инсистира децата многу да не се оптоваруваат со факти, години имиња итн.“

Колку и како во меѓувреме се променија работите од последните новини никој не е задоволен. Со вметнување на историјата на остнатите етнички заедници меѓу некои Албанци е присутен впечатокот дека историјата на Албанија е побогата од онаа што може да се најде во учебниците. Според други најсиромашно се лекциите што се однесуваат на македнската историја. Дискутабилно е што во меѓувреме во учебниците по историја се најдоа и податоци за конфликтот од 2001-та година иако меѓу историчарите и воопшто во јавноста остсуствува јасна слика што точно се случуаваше на политички план во овој период. Сите овие примери според историчарите укажуваат на пропусти во обидот да се изработи квалиететен учебник по историја. Во меѓувреме искуствата на учениците што сакаат да знаат повеќе покажуваат дека наместо во учебниците тие податоци бараат во други книги или извори.