Центро десничарските партии во Полска се очекува денеска ги започнат преговорите за формирање нова влада откако на вчрешните избори загуби левичарската влада. Според првичните резултатите конзервативната партија Закон и Правда и нејзиниот сојузник Граѓанската палтформа, и двете потекнуваат од движењето Солидарност, добија мнозинство места во парламентот. Владејачката демократска алијанса, потресена од корупциски скандали, доби само единаесет проценти од гласовите.