Денеска во Охрид ќе се одржи средба на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на Јадранската група, Македонија, Албанија и Хрватска, на која ќе присуствува и македонскиот министер за одбрана Јован Манасиевски. На состанокот во Охрид ќе присуствуваат и началникот на штабот на Командата на Соединетите држави за Европа Колби Броудвотер, претставници на НАТО во Македонија, како и американскиот амбасадор во земјата Џулијан Миловановиќ. На средбата ќе се дискутира за степенот на постигнатите реформи на вооружените сили на трите земји.