Започна расчистувањето на теренот, откако Ураганот Рита ги погоди американските држави Тексас и Луизијана. Од ударот на ураганот, уништени се домови, згради, предизвикан е прекин на електричната енергија, а регистрирани се и неколку пожари. Од силните дождови делови на Њу Ореланс, кој минатиот месец беше погоден од Ураганот Катрина, повторно се под вода. Сепак Ураганот Рита не беше толку разорен како што се очекуваше. Евакуацијата за околу два милиони граѓани од овие подрачја сеуште трае, а ситуацијата ја следи и американскиот претседател Џорџ Буш.