Анти-воените активисти очекуваат околу 100 илјади луѓе на денешните протести во Вашингтон против војната во Ирак. Предвидено е протестниот марш да се движи од пред Белата Куќа до Министерството за правда, со барање американските војници да се повлечат од Ирак. Слични анти-воени протести се најавени и во Сан Франциско, Лос Анѓелес и Сиетл.