Британските влада потврди дека е употребена сила во ослободувањето на двајцата свои војници кои ирачката полиција ги притвори во ирачкиот град Басра. Портпаролот на британските сили во Басра изјави дека министерот за внатрешни работи на Ирак наредил да се ослободат војниците, но тоа било игнорирано од локалната полиција. Тогаш британската армија влегла во полициската станица каде што се верувало дека се наоѓаат војниците, но тие сепак се наоѓале во една куќа во градот од каде што биле ослободени. Медиумите јавија дека во ослободувањето на војниците британците со тенкови влегле уривајќи ги зидовите на затворот во Басра при што избегале поголема група затвореници. Инцидентот предизвика протести во Басра.