Ирак: Убиен член на курдската партија, а во Нарван загинати 30 лица

Бунтовниците во Ирак, убиле член на ирачкиот парламент, а уште еден е ранет, при напад што се случил северно од Багдад. Членот на партијата на курдите во Ирак, Фарис Насир Хусеин бил убиен, додека Хаидар Шанун исто така член на курдската партија, бил ранет во вооружен напад што се случил во градот Дуџаил. Инаку, синоќа при експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Нарван загинаа 30 лица, а 38 се повредени.