Од ураганот Катрина, според последните официјални информации, загинале над седумстотини луѓе. Тимовите за откривање и натаму ја продолжуваат потрагата по телата на жртвите во Њу Орлеанс. Инаку, во текот на денов американскиот претседател Џорџ Буш ќе има телевизиско обраќање во кое се очекува да побара дополнителна помош за настраданите.