Судбината на американскиот град Њу Орлеанс, по минувањето на ураганот Катрина, стана отворено прашање. Шеесет насто од градот е под вода и ќе требаат многу месеци за да се исуши, а многу години за повторно да се изгради. Њу Орлеанс е град со уникатна историја и култура и, според еден од неговите жители, родното место на џезот ќе ја победи трагедијата.
Закопан под смрдливото мочуриште, преполн со сиромашни и несреќни, лежи еден од најоргиналните американски градови. Звуците на неговата славна музика веќе и не се слуша.
Њу Орлеанс отсекогаш се наоѓаше во опасност од неговата природна околина. Град под нивото на морето, со бедеми како заштита од водите на реката Мисисипи и нејзинот слив во Мексиканскиот залив. Невремиња? Луѓето им се смееја по баровите на познатата Брбон Стрит каде што со години најпопуларен пијалак беше црвениот рум под името Ураган. Еден од извршните дирекотори на Радио Слободна Европа Џојс Дејвис е родена и пораснала во Њу Орлеанс.
„Њу Орлеанс, каков што го знам, јас таму сум родена, е сложен град. Тоа е град богат со прекрасна исхрана и музика. Има прекасна архитектура која потекнува од колонијализмот. Но, градот има и темна страна која го прави градот да заостанува од другиот дел на Америка.“
Државата Луизијана беше француска колонија, потоа шпанска, а во деветнаесетиот век градот Њу Орлеанс им беше продаден на Соединетите Држави. Тогаш градот имаше над седумстотини илјади луѓе, французи, шпанци, африкански робови.
„Џезот доаѓа од искуството на црнците во градот и од ропството кое се уште е дел од неговата денешнина.“
Вели Дејвис. Жителите на Њу Орлеанс веќе не и се потсмеваат на природата. Дури има и такви кои велат дека градот по двесте години од неговото постење и конечно умрел под ударот на ураганот Катрина. Но, некои не мислат така:
„Луѓето се поставуваат тешки прашања. Зошто дојдовме до ваква позиција. Како дозволивме да зависиме од други. Зошто останавме необразовани. Сето ова ќе го трансформира градот. Тоа ќе донесе нов динамизам кој ќе го придвижи градот во Дваесет и првиот век.“
Вели Џојс.