Иран ја отфрли суспензијата на активности за обогатување со ураниум, нагласувајќи дека разговорите со Европската Унија во врска со нуклеарната програма на земјата треба да бидат без условувања. Министерот за надворешни работи на Иран, Манухер Мотаки на прес конференција во Техеран изјави дека суспензирањето на активностите во централата Исфахан се „надвор од дневниот ред на земјата“.