Солун: Владимир Путин во посета на Грција

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Грција е сериозен партнер на Русија и оти двете земји треба да ги развијат нивните односи во енергетиката и високата технологија. Путин ова го рече во Солун по средбата со грчкиот премиер Караманлис. Според Путин, ваквото партнерство ќе придонесе руските енергетски ресурси, преку Грција да стигнуваат во западна Европа. Во април годинава, Русија, Грција и Бугарија потпишаа договор за изградба на нафтовот во вредност од над петстотини милиони долари.