Во Египет денеска се одржуваат претседателски избори, први на кои има повеќе кандидати. Гласачите ќе се изјаснуваат за 10-мина кандидати, но повторно најголеми шанси за победа има актуелниот претседател Хосни Мубарак, кој веќе 24 години е на чело на државата.