Џилијан Арлет Милованович и официјално нов американски амбасадор во Македонија

Њујорчанката Џилијан Арлет Милованович денеска со предавање на акредитивните писма и официјално стана петтиот амбасадор на Содинетите американски држави во Македонија. Милованович пред да дојде на оваа позиција беше заменик шеф на американската мисија во Преторија, Јужна Африка, а до 2002 година работеше како заменик шеф во амбасада во Шведска. Нејзините почетоци во полето на надворешните датираат од 1978 година. Американските амсадори пак се едни од по активните во нашата земја. Претходниот амбасадор Лоренс Батлер беше вклучен во решавањето на конфликотот од 2001 година со подршката на рамковниот договор. САД се активни и во регионот.Со потпишувањето на Јадранската повелба го подржаа влезот на Македонија, Албанија и Хрватска во НАТО структурите. Минатата година пак ја признаа дражавата со уставното име со што во заедничката комуникација сега се користи само името Македонија. Добрата комуникација на двете земји се потврди и со подршката на македонската влада во антитерористичката војна и со испракањето на македонските војници во Авганистан и Ирак во рамки на американските воени сили.

Во јавноста револт пак предизвика намерата за градење на амариканска амбасада на Кале. Но, договорот мегу министерството за траснпорт и врски и американската влада за продажба на локалитот Градиште беше потпишан. Во објектот вреден околу 80 милиони долари кој ке се изгради во рок од најмноги три години ке се премести и новата амсадорка Милованович со својата администрација. Инаку таа има дипломирано мегународни односи на универзитот во Пенсилванија, а е магистер по новинарство. Пред неа американски амбсадори кај нас беа Виктор Комрас, Кристофер Хил, Мајк Ајник и Лоренс Батлер.Сега функцијата амбасадор на Милованович ќе и ја предаде вршителот на должноста Пол Волерс.