Само со конструктивна соработка меѓу министерствата, опозицијата и малцинствата, Косово ќе ги исполни стандардите што ги постави Обединетите Нации. Ова синоќа во Приштина го изјави специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Косово Каи Еиде кој изрази жалење поради немањето вистинско разбирање меѓу власта и опозицијата, како и со претставниците на насионалните малцинства на Косово.