Најмалку четири лица се застрелани од полицијата во американскиот град Њу Орлеанс каде што продолжуваат спасувачките операции за преживеаните од ураганот Катрина. Гувернерот, кој беше критикуван за бавност, објави дека редот е повторно воспоставен во Њу Орлеанс каде што 6 дена по ураганот владееше анархија. Американскиот претседател Џорџ Буш денеска по втор пат планира да ги посети загрозените подрачја и нареди спуштање на знамињата на пола копје во знак на почит за се уште непознатиот број настрадани Луизијана, Мисисипи и Алабама. Околу милион луѓе се раселени, 350 илјади домови се уништени а штетите се проценуваат на илјадници милиони долари.