Индонезиските власти веруваат дека сите 117 патници и членови на екипажот на индонезиската компанија Мандала кој изутрината се урна во Медана на северот на Суматра се мртви, како и некои лица на теренот каде што авионот падна. Според агенциите кои се повикуваат на болнички извори, вкупно загинале 137 лица. Имено, Боингот 737 се урнал веднаш по полетувањето во населено место на неколку стотици метра од аеродромот Полонија а требало да лета за Џакарта. Се претпоставува дека во него биле гувернерите на провинциите Ачех и Северна Суматра Азвар Абукабар и Ризал Нурдин.