Во градот Беслан во Северна Осетија, денеска е последниот ден од комеморациите за жртвите од минатогодишната заложничка трагедија во училиштето, кога загинаа 331 лице, повеќето од нив деца. Група роднини на загинатите и претставници на Беслан, вчера имаа средба со рускиот претседател Владимир Путин од кого побараа да биде откриена вистината за случувањата во училиштето во кое чеченски милитанти три дена држеа над илјада и сто деца, родители и наставници како заложници, по што дојде до судир со руските безбедносни сили.