Њу Орлеанс: Продолжуваат активностите за спасување на настраданите од ураганот Катрина

На американскиот јужен брег продолжуваат активностите на спасувачките екипи за помош на настраданите од катастрофалниот ураган Катрина. Синоќа во Њу Орлеанс пристигнаа воени конвои кои започнаа со дистрибуција на храна и други потреби за најзагрозените. Војници на националната гарда исто така се во градот со цел да го вратат редот и законот. Околу 75 илјади луѓе, кои останаа без своите домови се префрлени во Тексас. Бројот на жртвите од невремето сеуште не е утврден, но се претпоставува дека има илјадници загинати.