Министрите за надворешни работи на Европската Унија за време на дводневниот состанок во Њупорт, во Велс, што почнува денеска, ќе расправаат за процесот на проширување на Унијата, како и за аспирациите на Турција за полноправно членство. Едно од главните прашања е на кој начин да реагира Брисел на одбивањето на Анкара да го признае грчкиот дел на Кипар, кој е член на Европската Унија. На состанокот ќе присуствува и турскиот шеф на дипломатијата Абдул Ѓул, кој изјави дека е неприфатлива идејата за така-наречено привилегирано партнерство на Турција со Унијата.