Нова масовна гробница е пронајдена во Хрватска, јави државната телевизија. Гробницата е пронајдена во источниот град Окучани, а според информациите во неа се закопани најмалку 10 луѓе. Властите во Хрватска велат дека ова е 141-та гробница пронајдена во Хрватска, по завршетокот на војната во 1995-година. Повеќе од илјада лица пак, сеуште се сметаат за исчезнати.