Соединетите држави го осудија убиството на двете српски момчиња што викендов се случи во месноста Штрпце, при тоа упатувајќи апел до населението на Косово да остане мирно како и да соработува со полицијата во пронаоѓањето на убијците. Портпаролот на Стејт Департментот Шон Макормак, истакна дека способноста на косовските институции да го решат убиството како и да спречат слични настани ќе претставува клучен тест за способноста на Покраината да управува сама со себе.