Комесарот за трговија на Европската Унија Петер Менделсон изјави дека денеска ќе им изнесе предлози на земјите членки на Унијата за надминување на проблемите со текстилните производи од Кина. Менделсон изрази надеж дека илјадниците тони кинески текстилни производи, кои се задржани во европските пристаништа, ќе бидат деблокирани кон средината на наредниот месец. Овие пратки се блокирани бидејки Кина веќе ги надмина квотите за извоз во земјите на Европската Унија.