Во Ирак продолжуваат политичките консултации околу новиот Устав. Претседателот на парламентот Хаџим Ал Хасани изјави дека доколку не биде постигнат компромис, нема да има гласање во Парламентот, туку текстот на Уставот, што го предлагаат шиитите и курдите, ќе оди директно на референдум, кој е предвиден за 15-ти октомври.