Американскиот амбасадор во Обединетите Нации Џон Болтон побара од земјите членки да ги забрзаат преговорите околу нацрт договорот за реформи на Светската организација. Овие реформи треба да бидат разгледани на самитот на Обединетите Нации што треба да почне на четиринаесетти идниот месец. Инаку, досега се пристигнати над петстотини амандмани на документот.