Ирачкиот премиер Ибрахим ал Џафари и шиитскиот лидер Моктада ал Садр повикаа на смирување на ситуацијата по судирите меѓу ривалските шиитски фракции во светиот град Наџаф, но и на други места во Ирак. Во пресметките меѓу приврзаниците на Моктада ал Садр и на оние што ја поддржуваат ирачката влада досега загинале неколку луѓе. Денеска парламентот во Багдад треба да гласа за новиот ирачки устав што не го поддржуваат ал Садр и сунитите. Во меѓувреме, Вашингтон соопшти дека ќе испрати дополнителни илјади и петстотини американски војници во Ирак до октомври за кога е закажан референдум за Уставот на Ирак.