Западен Брег: Палестинскиот премиер го осуди нападот на израелските сили

Палестинскиот премиер Ахмед Куреи денеска го осуди синоќешниот израелскиот напад во кој загинаа петмина палестинци. Според Куреи, упадот на израелските војници во бегалскиот камп Тулкарм во Западниот Брег претствувал брутално злосторство. Израелската армија соопшти дека сите убиени биле милитанти. Исламски Џихад и Ал Акса бригадите најавија одмазнички акции. Претходно, вчера во источен Ерусалим еден палестинец во напад со нож убил еден евреин, а друг потешко ранил. До овие насилства дојде само ден откако Израел го заврши преселувањето на околу девет илјади евреи од Појасот Газа и Западниот Брег.