Според метереолозите, дождовите кои во изминативе денови го погодија ,посебно југот на Германија, не се забележани со децении. На баварските Алпи за 24 часа паднале дури по 200 литра вода на метар квадретен колку што изнесува просекот за месец Август. Патот Минхен – Штутгард е повторно отворен за сообраќај, иако многу други локални патишта и натаму се затвотрени додека илјадници спасувачки екипи работат на теренот. Поради зголемениот водостој на реките иопасност од поплави им се заканува и на подунавските градови на југот на Германија.