Невремето и силните дождови, што зафатија делови од Европа, во Австрија однесоа и два човечки живота. Во одделни места во Тирол е прогласена вонредна состојба поради поплавите, а на помош е повикана и војската. Во Германија најпогоден е регионот на Баварија каде што се испратени дополнителни спасувачки екипи за справување со поплавите, посебно во градот Гармиш-Партенкирхен.