Позитивен тренд во економската соработка меѓу Македонија и Турција

Економската соработка меѓу Македонија и Турција бележи нагорен тренд. и оваа година извозот кон Турција е 12 % зголемен во однос на претходната информираат од Стопанската комора на Македонија. Од таму велат дека во Турција најмногу се извезуваат природните ресурси како што се силициумот, топли и ладни железни производи, како и текстилот.

,,Нашите предности се, географска близина до ЕУ но и Турција. Менталитетот, познавање, така што има многу предиспозиции за успешни заеднички вожувања,”

вели Љубица Нури од стопанската комора.

Таа вели дека досегашната размена со Турција се одвивала со различна динамика, во зависност од периодите во кои се наоѓале стопанствата на двете земји:

,,Турција имаше период во 90-тите години кризен и почеток на 2000 од кој таа излезе и сега таа има постабилно стопанство што може да се сврти на економиите во соседството, но кои не се големи, како нашата,”

објаснува Нури.

Според неа турските стопанственици сакаат да го преселат производството во други земји, кои се потенцијални членки на ЕУ, оти таму работната сила е ефтина, но проблем е употребата на турски суровини во производството на македонскиот производ, бидејќи на тој начин тој не може да се извезува како готов производ во некоја од земјите на ЕУ.

,,За инвестиции во производство тие имаат пречка, а тоа е дека македонскиот пазар е мал.”

И соработката во областа на туризмот е беспрекорна , велат од туристичките агенции кои секоја година организираат патувања во Турција. Јуксел Керим, сопственик на туристичка агенција вели дека и турските туристички агенции се покажуваат интерес за организирање на туристички посети на нашата земја.

,,Радо видени гости сме таму со сиот респект кон нас, без предрасуди,”

вели Керим.

Од Стопанската комора велат дека во изминатите три и пол години се забележува раст на извозот и обемот на вкупната размена со Турција.