Претставници на ирачките етнички и религиозни групи денеска во Багдад ги започнаа разговорите на кои се гледа како на финален обид да го исцртаат новиот устав на земјата. Претходниот рок за тоа, петнаесетти август беше продолжен до денеска со цел да се изнајде компромс за некои прашања, како федерализмот, улогата на исламот и поделбата на националното нафтено богатство.